Белоруската државна авиокомпанија Белавија денеска објави дека ќе престане да прима патници од Ирак, Сирија и Јемен на своите летови од Турција на барање на Анкара.
Европската унија тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да се обидат да ја преминат границата со Полска и се заканува со нови санкции за Минск и авиокомпаниите што превезуваат мигранти, можеби веќе во понеделник.
Алијансата ја обвинува Белорусија дека извршила „хибриден напад“ и дека сојузникот на Кремљ предупредил дека оваа криза може да ескалира во воен конфликт.
„Согласно одлуката на турските власти, државјаните на Ирак, Сирија и Јемен нема да бидат прифатени на летови од Турција до Белорусија од 12 ноември 2021 година“, соопшти Белавија на својата официјална веб-страница.
На авиокомпанијата и било забрането да лета над воздушниот простор на Европската унија, откако властите во Минск претходно оваа година наредија авион на Ryanair, кој летал од Грција за Литванија, принудно да слета во Белорусија за да можат да го уапсат белорускиот дисидент Роман Проташевич и неговата девојка.
Белавија продолжува да лета до дестинации како Египет, Јордан, ОАЕ, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Казахстан.