Во Работната единица на Центарот за јавно здравје во Дебар, која со својата активност ја покрива и соседната општина, Центар Жупа пристигнаа 150 вакцини против сезонски грип, но ниту еден граѓанин не се пријави за вакцинирање.
– Добивме 150 вакцини наменети за лица над 65-годишна возраст и хронично болни, кои се бесплатни. Но, нашата екипа во текот на денешниот, прв ден на имунизација против сезонски грип, не аплицираше ниту една вакцина, изјави за МИА, епидемиологот Ментор Меља, раководител на единицата.
Посочи дека тоа е од причина што на апликацијата vakcinacija,mk не се пријавило за вакцинирање ниту едно лице од ова подрачје.
Во просек годишно во оваа единица против сезонски грип се имунизираат по над 500 лица од двете општини.
Според него, в понеделник се очекува да пристигне нова количина со комерцијални вакцини.