Во пресрет на третите по ред предвремени парламентарни избори во бугарските медиуми се појавија нови фотографии од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума на евра во фиока покрај креветот и пиштол на врвот на ноќната маса.

На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него има портокалов презерватив.

Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и да биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството, откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.