Македонскиот гитарист Дарко Багески вечер во Филхармонија ќе одржи солистички рецитал, при што ќе бидат изведени дела од Мауро Гуилиани, Фернандо Сор, Емилио Пујол, Исак Албениз, како и македонски народни песни во изведба на класична гитара, во негова транскрипција.
Дарко Багески е роден во Скопје. Во текот на своето школување посетувал многубројни мастеркласи кај еминентни професори и педагози по класична гитара.
Следел предавања по светска музика кај професорот Томас Фелоу, и предавања по методика на класична гитара кај професорот Моника Рост, и двајцата од Германија.
Претседател и основач е на Македонското Здружение на класични гитаристи, како и уметнички директор и еден од основачите на Меѓународниот фестивал за класична гитара ТРЕМОЛО.
Остварил многу солистички концерти и настапи во државата и надвор, а настапувал како солист со повеке камерни оркестри, како и со Филхармонија.
Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Концертот е поддржан од Министерството за култура.