Носењето маска во борбата против епидемијата на коронавирусот од денеска е задолжително во основните училишта во Франција, соопшти Министерството за образование.
Досега учениците од пониските одделенија од основното образование носеа маски во повеќе департмани во Франција, а од денеска маски мора да носат сите ученици на таа возраст низ целата земја.
Француските власти во септември соопштија дека маските не се задолжителни на часовите во основните училишта кои се најмалку погодени од вирусот.
Сепак, поради порастот на бројот на заразени, францускиот претседател Емануел Макрон на 9 ноември ги повика вакцинираните лица да примат трета доза од вакцината против коронавирус бидејќи во спротивно би можеле да ја изгубат можноста да имаат Ковид пропусница.