Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска во последен момент се кандидира за сенаторските избори во 2022 година, со што ја откри својата намера за неговата политичка иднина по истекот на неговиот претседателски мандат.
Дутерте, кој според Уставот не може да се кандидира за уште еден шест годишен претседателски мандат, денеска пред истекот на рокот за поднесување кандидатски пријави ја поднесе својата кандидатура до Изборната комисија.
Адвокатот кој го застапува шефот на државата ги достави документите, со што се стави крај на шпекулациите за негова можна кандидатура за потпретседателската функција, за која се кандидираше неговата ќерка Сара.
Локални медиуми објавија дека ќерката на Дутерте ќе се кандидира на претседателските избори со цел да го заштити својот татко од евентуално гонење поради неговата конфронтација со шверцери на дрога.
Сепак, Сара Дутерте-Карпио денеска ја поднесе својата кандидатура за функцијата потпретседател на Филипини.