Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека во изминатите недели е забележана „голема и невообичаена” концентрација на руски војници на украинските граници и дека тоа е опасно бидејќи го намалило времето за предупредување.

– Гледаме невообичаена концентрација на руски воени сили, изјави Столтенберг на прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб во Брисел.

Тој додаде дека зајакнувањето на руската војска во близина на границата со Украина „исто така го намалува времето на предупредување меѓу одлуките во Русија пред тие да бидат способни да спроведат навистина агресивна воена акција против Украина”