Голема толпа мигранти се собра денеска на затворениот граничен премин меѓу Полска и Белорусија, потврдуваат видео снимки објавени од полските граничари и војската.

– Се повеќе групи мигранти се носат на граничниот премин Кузница од страна на белоруските сили, соопшти полското Министерство за одбрана на Твитер.

Соопштението е издадено откако се појавија видеа на кои се гледаат стотици мигранти пред кордонот полски полицајци и војници.