Советот на ЕУ денеска ја прошири правната рамка што овозможува воведување санкции против Белорусија, наведувајќи дека „тоа е одговор на инструментализацијата на луѓето што ја спроведува белорускиот режим за политички цели“.
Со таа одлука „се прошируваат критериумите кои ќе им овозможат на поединци и субјекти кои ги организираат или придонесуваат за активностите на режимот на Лукашенко кои овозможуваат нелегално преминување на надворешните граници на ЕУ да се најдат на листата на санкционирани“.
- Денешната одлука ја одразува решеноста на ЕУ да се спротивстави на инструментализацијата на мигрантите за политички цели. Ова е реакција на нехуманите и незаконски практики. Во исто време, продолжуваме да се спротивставуваме на неприфатливата репресија на режимот врз сопственото население и соодветно ќе реагираме, изјави шефот на дипломатијата Жосеп Борел.
Денешната одлука на Советот на ЕУ уследи по заклучоците на Европскиот совет од 21. и 22 октомври годинава, во кои лидерите на ЕУ изјавија дека нема да прифатат никаков обид на трети земји да ги инструментализираат мигрантите за политички цели, ги осудија сите хибридни напади на границите на ЕУ и потврди дека Минск ќе одговори на таквите потези.