Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски денес направи увид во градежните работи за изградба на пешачката и велосипедската патека на кејот на реката Вардар од страната на Општина Гази Баба.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
"Денес направив увид на градежните работи за изградба на пешачката и велосипедска патека на кејот на реката Вардар од салонот на Мерцедес во Керамидница кон Јурумлери.
Во тек е изградбата на првата фаза која опфаќа 2 километри патека.
Со реализација на овој проект, се реализира уште едно ветување даденото во изборната програма. Кејот на реката Вардар кој е од страна на Општина Гази Баба ќе го уредиме и истиот ќе преставува простор за рекреирање на граѓаните.
#ГазиБабаСеМенува"