Словенечкиот премиер Јанез Јанша го повика Уставниот суд да донесе конечна одлука дали може да се примени одлуката на Владата дека во државната администрација можат да работат само оние кои се вакцинирани против Ковид-19 или ја прележале болеста.

Владината одлука е усвоена кон средината на септември, но не се применува, бидејќи Уставниот суд со мнозинство гласови ја суспендираше до своја конечна одлука.

– Слична одлука донесоа неколку влади во Европа, во држави каде епидемиолошката состојба е подобра отколку во Словенија. Владата сега не знае дали да се однесува како другите кои се поуспешни од нас во борбата против епидемијата или да се помири со ситуацијата, каква и да е, истакна Јанша во Парламентот.