Мнозинството Словенци би поддржале одлука за воведување рестрикции за лицата кои не се вакцинирани против Ковид-19, но се против заклучување за сите, покажува анкетата на љубљанскиот дневен весник Дневник.

Според резултатите од анкетата, 60 проценти од испитаниците изјавиле дека лицата се негативен ПЦР тест да не одат на работа и да извршуваат други активности.

Додека 20 отсто од испитаниците се изјасниле дека се против затворање на сите граѓани. Уставниот суд на Словенија привремено ја суспендира минатомесечната одлука на Владата само вакцинирани и прележани лица да можат да одат на работа.

Во изминатите 24 часа во Словенија направени се 7643 тестови, а 3763 лица биле позитивни на Ковид-19 и регистрирани се пет смртни случаи.