Делегации на Русија и на САД денеска во Виена ќе преговараат за билатерални прашања, особено за визите, јавија руски медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков минатата недела најави преговори на високо ниво, но без датум.
Повод за разговорот беше наметнатото намалување на персоналот во дипломатските претставништва во Москва и Вашингтон, со што на руските државјани им беше оневозможена американска виза во Москва.
Виена во неколку наврати беше место на преговори меѓу Русија и САД, последен пат минатото лето, кога беа одржани три рунди преговори за прашањата за нуклеарното разоружување.