Израел истрела две ракети од окупираната Голанска Висорамнина кон јужниот дел на Дамаск, јави денеска Сириската државна телевизија.

Во извештајот се наведува дека една ракета била соборена, дека друга погодила напуштена зграда и дека нема човечки жртви.

Од Израел засега нема потврда на информации за нападот на главниот град на Сирија.