Романскиот национален координатор за вакцинација против Ковид-19, Валериу Георгица синоќа изјави дека властите најверојатно ќе предложат стопирање на вакцинацијата против Ковид-19 со Aстра Зенека на почетокот на следната година поради малиот број луѓе кои се подготвени да се вакцинираат со таа вакцината.

Според Георгица, вакцините на Фајзер, на Модерна и на Џонсон Џонсон ќе продолжат да се аплицираат во државата.

– На 31 октомври истече рокот на последната пратка од вакцината на Астра Зенека и таа беше повлечена од центрите за вакцинација. Известени се лицата кои имаа закажана вакцинација со овој препарат и очекуваме нова пратка за завршување на курсот за вакцинација, изјави Георгица.

Според него во Романија неколку десетици лицата имаат закажана вакцинација со Астра Зенека.