Австрија од 22 ноември ги заострува правилата за влез во земјата и преминување од правилото 3Г на 2,5 Г.

Тоа значи дека за влез во државата треба потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19, не постара од 180 дена, а доколку некој ги нема овие два документа, тогаш негативен ПЦР тест.

Досега во Австрија можеше да се влезе со негативен антиген тест, а од понеделник ќе важи само ПЦР тестот.

Правилото 3Г ќе продолжи да важи за прекуграничната работна сила, според новата Регулатива, која ќе стапи на сила в понеделник. Но, и за нив се заоструваат мерките, што значи дека ПЦР тестот повеќе нема да важи седум дена, туку 72 часа, а антигенскиот тест наместо 48 часа ќе важи само уште 24 часа.