Бројот на жртви од коронавирус во Европа продолжува да расте, денеска Русија забележа најголем број смртни случаи од почетокот на пандемијата, а Германија, Словачка и Чешка имаат најмногу новозаразени, додека Австрија реши да ги заостри условите за влез во земјата по воведувањето на „локдаунот“.
Русија денеска има нов дневен рекорд на смртни случаи од последиците од Ковид-19 – 1247. За 24 часа беа пријавени уште 36.626 случаи, вклучително и речиси три илјади во Москва.
Како што објави Институтот „Роберт Кох“, во Германија повторно е поставен нов рекорд според бројот на нови инфекции дневно – 52.826, а починале 294 лица. Тоа е за 13.150 случаи повеќе од пред една недела.
Седумдневната инциденца се искачи на рекордно високо ниво од 319,5.