Рускиот совет за безбедност соопшти дека телефонскиот разговор со Саливен бил „конструктивен" и дека тој станал дел од подготовката за идните контакти на високо ниво меѓу Русија и САД.
Секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен се согласија дека треба да работат на подобрување на односите меѓу двете земји, јавија руските медиуми.
Рускиот совет за безбедност соопшти дека телефонскиот разговор со Саливен бил „конструктивен" и дека тој станал дел од подготовката за идните контакти на високо ниво меѓу Русија и САД.
Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти дека Саливен и Патрушев „разговарале за неколку прашања од билатералната агенда и регионални и глобални прашања".
„Разговорите беа искрени и конструктивни", се додава во соопштението.