Германското советодавно тело за вакцинација (СТИКО) препорача дополнителна доза вакина против Ковид-19 за сите лица постари од 18 години.
Препораката уследи откако во Германија рекордно е зголемен бројот на инфицирани лица.
Советодавното тело исто така препорача дополнителна доза на вакцината мРНА шест месеци по примањето на втората доза.
Скратување на периодот помеѓу втората и третата доза на пет месеци може да се разгледа во поединечни случаи или ако има доволно капацитет.