По најавата на белгиската федерална влада дека се воведува повторно работа од дома за да се спречи ширењето на вирусот, Европската комисија потврди дека ќе ги следи препораките.
Белгија вчера најави низа нови мерки за да се справи со зголемениот број на новозаразени и притисокот врз болниците.
Една од тие мерки е повторно работење дома минимум четири дена во неделата.
Европската Комисија чие седиште е во Брисел мора да ги следи одлуките на белгиските власти.
-Безбедноста на нашите вработени е од најголема важност, спроведовме промени за работата од дома да биде целосно оперативна и секогаш ги следиме препораките на земјата домаќин, така што ќе бараме од нашите вработени да работат од дома четири дена во неделата освен за оние за кои работата од дома не е компатибилна со нивните работни обврски, изјавија од Европската Комисија денеска.
Мерката стапува на сила на 20 ноември во Белгија.