Британското и албанското министерство за надворешни работи разговараат за отворање центар за азил во Тирана, за сместување бегалци, кои Франција одбива да ги прифати, пишува британски Дејли мејл.

-Весникот додава дека можноста за потпишување договор со Албанија е голема, повикувајќи се на извор од владата на Обединетото Кралство и покрај тоа што албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка минатиот месец ја отфрли ваквата идеја, пренесува Ора њуз.

Според истиот извор бегалците кои пристигнуваат во земјата, по морски пат, преку каналот Ла Манш, меѓу Франција-Англија, ќе бидат згрижени во Албанија, а ќе останат таму додека се разгледуваат нивните апликации за азил.

-Британија планира да изгради објект за азил во Албанија за сместување на илегални мигранти. Додека министрите разговараат за отворање на центар за азил во Албанија, тие веруваат дека тоа ќе делува како бариера за мигрантите кои минуваат низ северна Франција, додава Дејл Мејл.

Секој што ќе побара азил во Британија откако ќе пристигне илегално, со гумени чамци или мали бродчиња, во рок од седум дена ќе биде испратен во центарот за азил во Албанија.

„Проектот ќе ја чини Британија 100.000 фунти по мигрант, што ги вклучува трошоците за летот и сместување. Само годинава октриени се над 20.000 мигранти“, пишува Дејли мејл.

Планот дека Велика Британија ќе гради центар за азил во Албанија, на почетокот од минатиот месец го обелодени британски САН, наведувајќи дека официјалните претставници на Лондон и Тирана, сега работат на прецизирање на деталите, како што се точната локација и капациетот.