Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ денеска на Твитер предупреди дека многу жртви од опсадата на Вуковар бараат вистина и правда веќе 30 години и ги повика политичките лидери во регионот да отворат полициски и воени архиви кои би можеле да имаат информации за исчезнатите.
– Триесет години подоцна, се сеќаваме на жртвите од опсадата на Вуковар, од кои многумина сè уште ја чекаат вистината и правдата. Го повторувам мојот повик до политичките лидери во регионот да отворат полициски и воени архиви кои би можеле да содржат информации за исчезнати лица и подобра соработка во областа, напиша Мијатовиќ на Твитер.
Вуковар одбележува 30 години уривањето на одбрана на градот и агресијата на поранешната ЈНА и српските паравоени единици, во која загинаа и исчезнаа 2717 хрватски ветерани и цивили. Вуковар беше под опсада 87 дена, а битката за градот на Дунав заврши на 18 ноември 1991 година.
Сè уште се трага по 386 лица, а им се губи секаква трага токму во воениот Вуковар во 1991 година