Франција ќе се заложи за акција за мигрантското прашање кога ќе го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари. Ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Воа ду нор.

– Треба да преземеме неколку чекори – да спречиме изградба на кампови кои ќе продолжат да постојат со текот на времето, треба да дејствуваме за да ги разбиеме шверцерските мрежи и да ја засилиме работата со земјите на потекло за да ги спречиме овие појави. Јас ќе извршам реформи за време на француското претседателство со ЕУ, нагласи Макрон.

ЕУ со години е длабоко поделена по ова прашање.

Според европските дипломати, постигнувањето компромис за тие поделби за време на француското претседателство ќе биде уште потешко, со оглед на тоа што на средината на неговиот мандат во Франција ќе има претседателски избори.

Франција ќе го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ токму во моментот кога блокот се соочува со нова миграциска криза на границата меѓу Белорусија и Полска, која според ЕУ била организирана од Минск како одговор на европските санкции против режимот на Лукашенко. За ова прашање, Макрон во интервју рече дека министрите на ЕУ ќе дејствуваат во наредните недели.