Германија нема да прима мигранти од Белорусија. Министерот за надворешни работи Хорст Зехофер рече дека Минск шири лажни вести. Белорусија вчера соопшти дека Александар Лукашенко и Ангела Меркел постигнале договор – Германија би примила 2.000 мигранти, а Белорусија би ги вратила преостанатите 5.000 во нивните матични земји.
Но, според Зехофер, не само што нема таков план, туку Германија смета дека во овој случај мигрантите кои се користат како инструмент и Европа не треба да подлегне на притисокот и да ги прифати.
-Ние стоиме цврсто зад Полска. Начинот на кој тие се справуваат со кризата е правилен и легитимен. Зборуваме за вонредна ситуација организирана од Белорусија, веројатно со поддршка на Русија. Луѓето на границата се дел од злобна стратегија. Затоа нема да попуштиме под притисокот да ги прифатиме, категорично изјави германскиот министер за надворешни работи Хорст Зехофер.