Шпански авион на домашната авиокомпанија „Волотеа“ утринава бил евакуиран при слетување во северозападниот град Ла Коруња, откако властите добиле закана за бомба, соопшти претставник на локалната полиција.

Сите патници се евакуирани откако авионот слетал околу 7.30 часот, а авионот кој летал од градот Билбао бил оддалечен од зградата на аеродромот и ја поминал контролата.