Бројот на затворени паралелки поради Ковид-19 во Франција денеска достигна 4.048. Претходно, на 16 септември се искачи на речиси 3.300, а кон крајот на октомври имаше мало зголемување.
„Бројот на затворени паралелки поради епидемијата со Ковид-19 нагло се зголеми оваа недела и достигна највисоко ниво од почетокот на учебната година во септември, за да изнесува 4.048, или 0,8 отсто од сите паралелки во земјата, соопшти денеска Министерството за национално образование на Франција.
Претходниот биланс од 22 октомври, пред распустот, изнесувал 1.246 затворени паралелки. Од почетокот на учебната година, бројот на затворени паралелки се искачи на речиси 3.300 на 16 септември, а потоа благо се зголеми на крајот на октомври.
Од минатиот понеделник маските повторно станаа задолжителни во сите француските основни училишта.