Министерството за здравство на Велика Британија денеска соопшти дека ќе ја додаде засилувачката доза на вакцината во ковид пропусниците за меѓународни патувања, но таа засега нема да биде потребна за домашните патувања.

Министерството за здравство додаде дека патниците кои примиле „бустер“ доза од денеска ќе можат да го покажат својот статус на вакцинација преку Националната служба за јавно здравје, додавајќи дека не е потребен „бустер“ за влез во Англија.

Оваа недела, Велика Британија воведе можност за примање засилувачка доза за луѓе на возраст од 40 и повеќе години.