На заедничката прес-конференција по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, генералниот сектетар на НАТО, Јенс Столтенберг кажа дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на украинската граница и притоа ја повика Русија да избегне секаква ескалација на нивната граница со Украина, јавува Анадолија.

Столтенберг додаде дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Киев.

-ГЛЕДАМЕ ГОЛЕМА И НЕВООБИЧАЕНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА РУСКИ СИЛИ ВО БЛИЗИНА НА УКРАИНСКИТЕ ГРАНИЦИ. ЈА ПОВИКУВАМЕ РУСИЈА ДА БИДЕ ТРАНСПАРЕНТНА, ДА НЕ ГИ ЕСКАЛИРА ТЕНЗИИТЕ, ДА ПОМОГНЕ И ДА ГИ НАМАЛИ ТЕНЗИИТЕ ДОЛЖ ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ.

Потенцирајќи дека е итно Русија да покаже транспарентност на својата воена мобилност во регионите во близина на границата, Столтенберг кажа дека „НАТО внимателно ја следи ситуацијата и ние продолжуваме да даваме политичка и практична поддршка на Украина“.