Двајца мажи во Шведска денеска се ставени во истражен затвор под сомнение дека биле шпиони, соопшти Јавното обвинителство, а пренесе ДПА.

Едниот од приведените лица бил уапсен во септември, додека вториот е уапсен во вторникот.

Двајцата се обвинети за сериозна десетгодишна шпионажа во период од 2011 до 2021 година.

ДПА наведува дека според нивните адвокати, двајцата ги негираат сериозните обвиненија, за кои можат да добијат казна затвор во траење од две години.

Според шведските медиуми, на кои се повикува ДПА, двајцата притворени се браќа, со иранско потекло, а се верува дека постариот од нив бил висок раководител во владина агенција и дека работел за безбедносната полиција и војската.

Портпаролот на полицијата изјави дека случајот е доверлив.