Денеска е ден на размислување пред утрешниот втор круг за претседателските избори. До крајот на изборниот ден во Бугарија е забрането политичко агитирање и објавување на анкети за ставовите на гласачите, јави дописникот на МИА од Софија.
Изборната администрација и Министерството за внатрешни работи се вклучени во организирањето на вториот круг од претседателските избори.
Секциските изборни комисии, кои во Бугарија ги има над 12.000, повторно од околиските комисии ги добиваат документите, записниците, машините и се што е потребно за гласање за опремување на изборните простории.
Во странство денеска ќе бидат опремени 750 избирачки места, овој пат со 80 гласачки машини помалку.
Во текот на денот, привремениот информативен пункт на ЦИК ќе прибира информации од секциите во странство, кои мора да пријават дали ги добиле гласачките ливчиња и машините и дали е формиран составот на секциите.