Десетици автобуси кои доаѓаат од Турција чекаат на граничниот премин Капитан Андреево на границата меѓу Бугарија и Турција, јавува БНР.

Редот е поради инспекции на оние кои влегуваат во Бугарија, ден пред вториот круг од претседателските избори во Бугарија. На лице место во тек е заедничка акција на Националната агенција за приходи на Бугарија, економската полиција и Царинската агенција против шверц и нелегална трговија Бугарско-турската граница на патнички автобуси кои влегуваат во Бугарија.

Турскиот генерален конзул во Пловдив, Корхан Кунгеру доцна синоќа отишол на граничниот премин Капитан Андреево и разговарал со раководителите на станицата.