Можам да им честитам на победниците Румен Радев и Илијана Јотова. Се надеваме дека во следните 5 години ќе се остварат нивните ветувања, а не моите предвидувања. Тоа го изјави кандидатот за претседател на изборите во Бугарија, Анастас Герџиков во првиот коментар по вториот круг од претседателските избори. Според излезните анкети, тој ја загубил изборната трка со Румен Радев. Герџиков најави и дека „целиот државен апарат работел за изборната кампања на Румен Радев“.

„МИНИСТЕРСТВАТА ПОСТАПИЈА ВО НЕГОВА КОРИСТ, МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НЕ САМО ШТО СЕ ЗАНИМАВАШЕ СО ТОА, ТУКУ БЕШЕ И ПОРТПАРОЛ НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА АКТУЕЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ. ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ТОЈ ДУРИ СИ ДОЗВОЛИ ДА ПРАВИ ИНСИНУАЦИИ, ВЕЛЕЈЌИ ДЕКА ГЛАСАЊЕТО ВО ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ ТОЛКУ МАСОВНО ШТО ЌЕ ГИ НАПРАВИ ИЗБОРИТЕ ОВДЕ БЕСМИСЛЕНИ. И ВИДОВМЕ ДЕКА СЕКЦИИТЕ ВО ТУРЦИЈА БЕА ПРАЗНИ“, ДОДАДЕ ГЕРЏИКОВ.

И покрај се што направивме, имаше резултат. Тоа го изјави бугарскиот претседателски кандидат Анастас Герџиков на брифинг по завршувањето на вториот круг за претседателските избори. Според него, учеството на претседателските избори значително влијаело на промената на политичкиот стил и однесување.

Герџиков е на став дека тоа ќе остане бидејќи патот е во обединување. Тоа се виде и на почетокот на преговорите за формирање влада. Сите страни вклучени во овие разговори досега ги тргнаа настрана линиите на поделба и се обидуваат да зборуваат само за работите што ги обединуваат. А ова е алгоритмот предложен од него и Невана Митева пред еден месец. Затоа Герџиков смета дека нема да бидат залудни напорите на сите што гласале за нив. Тој увери дека гласот на неговите гласачи ќе продолжи да се слуша.

Герџиков призна дека главната вина што претседателската кандидатска двојка не постигнала подобар резултат е нивна.

„ОЧИГЛЕДНО, НЕ ДОПРЕВМЕ ДО СРЦАТА НА СЕКОЈ БУГАРИН И НЕ УСПЕАВМЕ ДА ГИ УБЕДИМЕ БУГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ ДЕКА НАШАТА ВИЗИЈА Е ДОБРА“, ДОДАДЕ ТОЈ.

Според него, проблемот е што луѓето повеќе не веруваат никому.

Герџиков истакна дека е извесно дека нема да тргне по патот на политиката. Ќе се врати на софискиот универзитет.