Околу 35 илјади лица се собраа во главниот град Брисел вчера за да протестираат против Ковид сертификатот во Белгија, но протестите завршија со насилство, премиерот денеска со осуда Белгискиот премиер, Александар Де Кро, оцени дека “мала група” со “криминално однесување” предизвика насилство во кое тројца полицајци беа повредени.

-Правото на протест и слободата на изразување се важни, но ако тоа заврши со бран на насилство, тогаш е неприфатливо и особено ако е насочено кон полицијата, изјави Де Кро.

Голем дел од протестот помина мирно во првите часови, но при крајот група на маскирани лица посегнаа по брутални методи, повредени се полицајци и оштетени полициски комбиња.

Премиерот смета дека тоа што се случи нема никаква поврзаност со личните слободи, и дека станува збор за “чисто криминално однесување”.

Полицијата работи на идентификација на овие лица.

Белгија од денеска ги заострува мерките за спречување на Ковид-19, а се дебатира и за задолжителна вакцинација.

Една од причините за гневот на некои граѓани е воведувањето на задолжителна вакцинација за здравствените работници, кои, доколку не се вакцинираат, ќе бидат отпуштени од работа.

Демонстрантите вчера побараа од властите поголеми инвестиции во здравствениот систем наместо отпуштања од работ