Израелската агенција за внатрешна безбедност Шин Бет денеска соопшти дека во претходните недели уапсила повеќе од 50 членови на ќелијата на Хамас на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, бидејќи, според нив, планирале напади врз Израелци.

Објавата за апсењето дојде еден ден откако член на Хамас уби Израелец и рани четворица други на свето место во Стариот град, по што беше убиен од израелските вооружени сили.

Шин Бет наведе дека претходните недели открил ќелија на Хамас на Западниот Брег, која планирала неколку напади на Западниот Брег, Ерусалим и Израел.

Се додава дека милитантите „биле вклучени во воспоставување терористичка инфраструктура", а за таа цел набавувале пари, оружје и материјали за изработка на експлозивни направи.