Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека ако продолжи сегашниот тренд, смртните случаи од Ковид-19 во Европа ќе се зголемат од сегашните 1,5 милиони на 2,2 милиони до март 2022 година.

– Кумулативните пријавени смртни случаи се очекува да достигнат над 2,2 милиони до пролетта следната година година, посочува СЗО

Според СЗО се очекува и зголемување на бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега во 49 од 53 држави.