Едно лице почина, а тројца се хоспитализирани по истекување на јаглерод диоксид во нуклеарната централа Аско во шпанскиот регион Каталонија, соопштија локалните служби за итни случаи.
Дефект во системот за противпожарна заштита предизвикал истекување на гас, кој не бил поврзан со ниту еден радиоактивен материјал, објави локалната противпожарна служба на Твитер.
Набргу потоа, пожарникарите објавија дека се подготвуваат да ја напуштат електраната откако со персоналот го провериле системот за вентилација и се увериле дека работи правилно.
Три лица пренесени во болница откако се здобиле со полесни повреди при вдишување јаглерод диоксид, соопшти итната медицинска помош.