Тројца либански судии поднесоа оставка поради политичко мешање во судството, вклучително и во истрагата за минатогодишната експлозија во Бејрут, изјави денеска судски извор, пренесува БГНЕС.

Во земјата каде што политичките лидери одредуваат назначувања во судството, вклучително и во високите судови, судството нема многу можности да работи против владејачката елита во Либан.

Истрагата за минатогодишната огромна експлозија во пристаништето го откри обемот на мешањето, при што високи функционери организираа сложена мрежа на судски предизвици за да ја нарушат работата на истражителот Тарек Битар.

Вчера, три судијки поднесоа оставки „во знак на протест поради … политичкото мешање во работата на судството и поткопувањето на одлуките донесени од судиите и судовите", рече судски извор.

Шефот на највисокиот суд во земјата сè уште не ги одобрил оставките и побарал за ова прашање да се разговара на одделна средба, додаде изворот.