Кинеското Министерство за национална одбрана соопшти дека американската морнарица провоцирала во Тајвански Проток и во Јужно Кинеско Море.
Соопштението на кинеското Министерство за национална одбрана уследи по транзитот на американскиот воен брод.
– Во одреден временски период, САД дадоа некои неодговорни изјави во врска со Тајван, Јужното Кинеско Море и надзорните летови на борбени авиони и многу провоцираа, изјави портпаролот на Министерството Ву Чиан.
Тој додаде дека Кина и сега ќе покаже истрајност и одлучно ќе се спротивстави.
Кина нема да дозволи никаков простор за компромис во однос на Тајван, а САД не смеат да имаат илузии за тоа, потенцира Ву.
Според американската седма флота, бродот разурнувачот Милиус, со наведувачки ракети од класата Арли Бурк, пред два дена помина низ Тајвански Проток.