Промоција на книгата „Незаборав кога прстите пеат“ од авторите Кирил Тодевски и Марија Велковска ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба.
Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Горанчо Ангелов и Сашо Ливрински.
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, по претходно реализираната монографија во 2019 година „Песните се нивен незаборав“, посветена на 24 починати великани на македонската песна, на авторите етномузикологот Кирил Тодевски, поранешен уредник на Редакцијата за народна музика во Македонското радио и Марија Велковска, уредник во Музичката редакција на Македонското радио, го подржа нивниот втор проект „Незаборав кога прстите пеат“ посветен на 17 починати великани, инструменталисти и автори на орски и песнопојнин творби, чии изведби и авторски изрази имаат трајни вредности.