Косовскиот премиер Албин Курти одлучи Денот на албанското знаме, 28 ноември, да биде неработен, иако не е на списокот на официјални празници на Косово.

Косовскиот премиер има овластување да одлучи и да ги прогласи за неработни некои од деновите кои не се на списокот на официјални празници на Косово, објавија приштинските медиуми.

Годинава неработен ќе биде 29 ноември, бидејќи 28 ноември е недела, а во случаи кога празниците паѓаат за викенд, слободниот ден се поместува за следниот ден.

Во Северна Македонија Денот на албанското знаме не е неработен за припадниците на албанската заедница во земјата, туку се прославува 22 ноември, Денот на албанската азбука.