Владата на Црна Гора донесе одлука за затворање на Амбасадата во Швајцарија со седиште во Берн. Одлуката е донесена на денешната седница врз основа на член 27 од Законот за надворешни работи. Се затвора амбасадата на Црна Гора во Швајцарската Конфедерација со седиште во Берн.Министерството за надворешни работи ќе ги преземе неопходните мерки за спроведување на оваа одлука.Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Црна Гора, соопшти владата.

Дипломатските односи меѓу двете земји беа воспоставени на 5 јули 2006 година. Амбасадата на Црна Гора во последно време е на ниво на вршител на должност.