Албанскиот претседател Илир Мета на својот профил на Фејсбук, попладнево објави дека за време на посетата на Косово, се сретнал со Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина.

Како што наведува во објавата, Мета му кажал дека Албанија целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти е време да се постигне договор за меѓусебно признавање на двете земји.

-МУ КАЖАВ ДЕКА АЛБАНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПОДДРЖУВА ПРОЦЕСОТ НА ДИЈАЛОГ КОСОВО-СРБИЈА. ИСТО ТАКА ОЦЕНИВ ДЕКА СЕГА Е ВРЕМЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР ЗА МЕЃУСЕБНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ, НАПИША МЕТА НА ФЕЈСБУК.

Додава дека на средбата била истакната важноста на Берлинскиот процес, како и на сите други иницијативи кои можат да придонесат за регионалната и европската интеграција на регионот.