Палестинското движење Хамас го повика Мароко да ги поништи воените и безбедносните договори склучени со Израел, пренесува Анадолија.

Опишувајќи го потегот како назадување, Хамас нагласува дека потпишувањето на безбедносните и воените договори со Тел Авив „не може да се оправда под никаков изговор". „Стратешките интереси на нашиот арапската нација, чиј дел е и Мароко, не можат да се постигнат со склучување сојуз со непријателот на арапскиот народ и непријателот на палестинскиот народ", се вели во соопштението.

Хамас за неодамнешната посета на израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, на Мароко рече дека претставува „голем грев за палестинскиот народ и неговата кауза", пренесува Анадолија.

„(Ганц) е воен злосторник кој отсекогаш се гордее со убивањето Арапи и Палестинци", се додава во соопштението.

Израелскиот министер Ганц во вторникот пристигна во дводневна посета на Мароко за време на која потпиша договор со Мароко за продажба на израелски беспилотни летала и напредни системи на Рабат. Потпишан беше и меморандум за разбирање во полето на одбраната меѓу Израел и Мароко.

На 10 декември 2020 година, Израел и Мароко најавија обновување на дипломатските односи што беа прекинати во 2002 година, со што Мароко стана четврта арапска земја што ги нормализира односите со Израел во 2020 година, по Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан.​​​​​​, потсетува Анадолија.