Квалитетот на воздухот во индиската престолнина Њу Делхи повторно се влоши, пренесува Анадолија. Смог и загадување се видливи и на фотографиите кои фоторепортерот на АА ги сними денеска кај гробницата на императорот Мугал Хумајун во овој град.

Системот за истражување на квалитетот на воздухот и временска прогноза (САФАР) објави дека индексот за квалитет на воздухот е 403, кој е категоризиран како „опасен“.

Комбинацијата на фактори како што се емисиите на фосилни горива, прашината и временските услови го прават Њу Делхи најзагадениот главен град во светот.

Воздухот станува особено токсичен во зимските месеци бидејќи земјоделците во соседните држави палат стрништа.

Силината на ветерот исто така игра улога во загадувањето на воздухот бидејќи ги задржува загадувачите во долниот дел на атмосферата.