Мароко ги затвора своите аеродроми за летови од странство на две недели од понеделник навечер, поради страв од ширење на новата, високо мутирана верзија на Ковид-19, наречена омикрон, соопшти владината комисија.

„Одлуката е донесена поради брзото ширење на новата варијанта Омикрон, посебно во Европа и Африка, а со цел да се заштити здравјето на мароканските граѓани“, соопшти комисијата за следење на ситуацијата со коронавирусот.