Белорусија ќе смета на Русија доколку ситуацијата на западната граница се влоши поради акциите на НАТО, изјави денеска државниот секретар на белорускиот совет за безбедност Александар Волфович.
– Анализирајќи го бројот на единици на териториите на соседните земји, мислам дека е рано да се зборува за каква било закана или конфликт. Мислам дека Полјаците и лидерите на балтичките земји разбираат дека агресијата против Белорусија ќе донесе повеќе проблеми отколку придобивки. Нашите вооружени сили се способни да одговорат на агресија. Ако мислат да ги вклучат силите на НАТО, зад нас го имаме нашиот стратешки партнер, сосед, голема и моќна Русија, нагласи Волфович.
Според него, одлуките за одржување заеднички воздушни вежби со Русија „не се донесени ниту вчера, ниту завчера, ниту ден претходно“.
– Руските авиони ни доаѓаат на ротациска основа од 2013 година. Заедничките екипи вршат патролни мисии долж државната граница, додава Волфович.