Надворешниот фактор е клучот за уништување на Југославија. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод денешниот 29 ноември, кој се смета за роденден на СФРЈ.

-Кога го почнавме дијалогот сите имаа можност, како што и денес имаат можност да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но верувам дека надворешен фактор беше клучен за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да се префрла на Милошевиќ – рече претседателот во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.