Во Германија ширењето на Ковид-19 во период од седум дена достигна рекорд, јави германската новинска агенција ДПА.
Вчера тој индикатор изнесуваше 446,7, а минатата седмица – 386,5.
Институтот Роберт Кох денеска соопшти дека во изминатите 24 часа биле регистрирани 29.300 новозаболени лица и 73 смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата во Германија вкупно се регистрирани 5.791.060 заболени лица и приближно 101.000 смртни случаи.