На граничниот премин Дебели бријег, на црногорско – хрватската граница, запленети се 37,7 килограми кокаин.

-Дрогата била откриена во автомобил со албански регистарски ознаки и според локалната полиција станува збор за 98 отсто чист кокаин, пренесуваат албанските медиуми.

Постојат основи на сомненија дека дрогата била прошверцувана од Албанија а требало да заврши во Хрватска.