НАТО може за кратко време да испрати повеќе од 40.000 војници во Летонија, доколку е потребно, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со летонскиот претседател Егил Вевиц во Рига.
Столтенберг посочи дека НАТО ќе обезбеди присуство на сојузничките трупи во балтичкиот регион со цел да се спречи дополнително влошување на ситуацијата на границите на Летонија, Литванија и Полска, пренесува Интерфакс.
Летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави претходно денеска, пред пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рига, дека на земјата и треба постојано американско воено присуство со цел да ја одврати Русија и затоа сака да го зајакне својот одбранбен потенцијал со американски противвоздушни „Патриот“ ракетни системи.